ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ


Луѓето се нашата најголема вредност

ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ


Ангажирање на компетентни вработени е предуслов на секоја добра организација. Токму вработените со голема енергија, проактивни и фокусирани, кои превземаат одговорност и промовираат промени на подобро, придонесуваат за развој на организацијата и ја движат напред. Затоа ние во Орбико даваме фокус и посебно внимание кон професионална селекција на нови, како и едукација и развој на постоечките вработени.

За нас е многу важно нашите вработени да имаат ентузијазам, иницијатива и проактивност,  да се одговорни и љубопитни и да имаат интегритет и лична искреност. Промовираме отворена комуникација и нови, подобрени и иновативни бизнис решенија. Ги наградуваме добрите идеи, а вработените кои се најдобри во својот дел на работата имаат можност да напредуваат и се развиваат како професионално така и лично. Секаде каде што има можност, вработените се платени според придонесот, па вработените со подобри резултати имаат можност да заработат повеќе. Предност во Орбико се тимската работа и добрите меѓучовечки односи.

Со оглед на тоа што Орбико бизнисот се протега од Балтичкото до Црното Море, нудиме огромни можности за кариерен развој на образовани професионалци кои имаат иницијатива и бизнис достигнувања. Важно ни е нашите вработени да ги усмерат своите способности и енергија кон бизнис целите и стратегијата, да им е важна работата која ја вршат и во истата да гледаат смисла и значење.

Кариера


Усогласеноста на вашите цели со целите на компанијата е клучна за ефикасност и успешност лична и компаниска. Наша заедничка намера е да се запознаеме подобро.

Во Орбико има можност за студентска пракса, по интервју со кандидатите кои имаат изразено желба за тоа и по евалуација на нивните способности и афинитети.

Орбико групација


Во моментов Орбико е присутно во 20 различни земји и региони и обезбедуваме врвна квалитетна дистрибуција и логистички услуги до нашите партнери.

За да ги видите локалните веб страни во Вашите земји, Ве молиме одберете еден од следниве линкови.